Во моментов на Хималаите се одвиваат неколку зимски искачувања на позначајните врвови над 8000 метри. Ви доловуваме неколку апдејти од случувањата таму!

Броад Пик, Каракорум, Пакистан

Денис Урубко, заедно со канаѓанецот Дон Боуви и финкињата Лота Хинса, успеаа да стигнат до 6700 метри надморска висина и да постават фиксни јажиња по трасата. Денис објави на Фејсбук дека денес сакаат да ја поминат ноќта во камп 2 и утре да достигнат до 7000 метри. Но сепак, прогнозата е лоша и наредните неколку дена.

Откога пристигнаа во Базниот камп (4840 м) на 27 декември, оттогаш имаа неколку ноќи во Камп 1 (5800 м) и Камп 2 (6200 м).

К2, Каракорум, Пакистан

Мингма Г. Шерпа, кој води меѓународна експедиција на 21-ви јануари со својот тим пристигнаа во Базниот камп на Броад Пик, а се очекува деновиве да пристигнат и во Базниот камп на К2. Мингма претходно објави дека има намера да го направи ова искачување без дополнителен кислород.

Гашербрум I, Каракорум, Пакистан

Симоне Моро и Тамара Лунгер ја завршија експедицијата на Гашербрум I и II по скоро фаталниот пад во глечерот на 18 јануари.

Еверест, Непал

Германецот Јост Кобуш, кој што е на соло експедиција без дополнителен кислород на Еверест по Западниот гребен и Хорнбејн, веќе е во Базниот камп под Еверест. Тој се искачил до Камп 1 на 6000 метри преку преминот Ло Ла каде помина три ноќи. Со него беше операторот Даниел Хуг. Јост ја истражувал трасата до 6180 метри.

Алекс Чикон кој исто така планира да се искачи на Еверест оваа зима, но преку трасата на Јужното седло во моментов се аклиматизира на Ама Даблам (6812 м), а претходно имаше искачување на нова рута на Антарктикот.