Пролетната качувачка сезона на Хималаите само што не започнала, така што некои од светските топ качувачи се подготвуваат за своите предизвици. На пример швајцарскиот алпинист Ули Штек се подготвува за нешто што би можело да биде најтежок потфат во неговата славна кариера. За подготовка за оваа експедиција, Ули моментално е во Непал кој завршува со своите тренинзи за тоа што очекува да му биде главен потфат.

Ueli Steck

Оваа пролет, Ули се надева дека ќе го искачи Еверест, но истотака и неговиот сосед, Лотце. Иако е малку необично да ги лови и двата врва во една сезона, но тоа не е нечуено од други планинари и алпинисти кои сакале да го завршат тој предизвик во минатото. Ули ќе се обиде да ги искачи и двата врва во еден обид, прво ќе го искачи Еверест, по враќањето во Камп 4 на краток одмор, ќе го траверсира тесниот срт кој ги поврзува двете планини, и ќе оди директно кон врвот Лотце.

Штек на овој потфат ќе биде придружуван од својот качувачки партнер Тенџи Шерпа, а дуото за оваа експедиција веќе се подготвуваше во Непал. Ули и Тенџи скоро го искачија Ајланд Пик (Island Peak 6180 мнв.). Додека траеа тренинзите во долината Кумбу, Ули истотака претрча доста од патеките, со што опфатил дистанца од 250 км и вертикала од околу 15000 метри.

Ueli Steck

По три неделниот престој во Кумбу, Ули ќе замине дома и во следните три недели ќе тренира на Алпите, пред враќањето во Непал за обидот за траверс Еверест-Лотце. Ули и претходно го има искачено Еверест, искачувајќи се пред толпата други планинари, и тоа би го направил повторно. Всушност, пред неколку години тој беше меѓу првите на врвот, зад тимот кој фиксираа јажиња до врвот. Не би биле шокирани ако го видиме да го направи повторно истото, обидувајќи се ја избегне толпата што сигурно ќе го успори во неговото нормално неверојатно темпо.