Симоне Моро и Тамара Лунгер, кои се на зимска експедиција на Гашербрум I и II, се евакуирани по сериозен инцидент во глечерски процеп.

Додека двојката излегувала од глечерот кон платото над него, Тамара поминала прва низ мала пукнатина и го осигурувала Моро, но при неговото поминување мразот паднал. Моро имал пад од 20 метри во процепот, удирајќи во карпите, а лесната Тамара не успеала да го задржи. Таа беше обезбедена на работ од пукнатината, со што носела голем дел од тежината. Во моментот на инцидентот, Лунгер била со дрезги на нозете, што дополнително ја отежнала операцијата за вадењето на Симонe.

Тој успеал да забие клин во мразот, обезбедувајќи се себе си и неговата партнерка. Потоа започнал да се искачува по замрзнатата карпа. Потребни му беа два часа да се извлече од бездната широка околу 50 сантиметри.

Таа ноќ тие успеаа да се вратат во Базниот камп и да организираат евакуација. Тие веќе се под медицински надзор во Скарду.

Целта на двојата беше да го искачат Гашербрум I (8080 м), а потоа да преминат кон Гашербрум II (8035 м) преку преминот Гашербрум Ла (6500 м).