На презентацијата на својата нова книга „I sogni non sono in discesa“ во Милано, славниот италијански планинар Симоне Моро ја најави својата следна цел, искачување на две осумилјадарки во Пакистан во зима: Гашербрум I (8080 м) и Гашербрум II (8034 м).

Поточно, целта на експедицијата е да се искачи врвот Гашербрум I, па спуст до преминот Гашербрум Ла (седло кое ги поврзува двете осумилјадарки) и оттаму искачување до врвот Гашербрум II!

За оваа експедиција Симон ја покани Тамара Лунгер во неговиот тим, a eкспедицијата се очекува да започне кон средината на декември.

Според плановите на Симон, искачувањето треба да се случи во најбрз период на аклиматизација, така што пред да заминат за Пакистан тимот ќе помине извесно време (околу четири недели) во хипобарична комора во истражувачкиот центар во Болзано.

Gasherbrum

Од 29 ноември, тие ќе се префрлат на построг режим во комората, со што ќе бидат скоро постојано во неа. Во овој случај, научниците ќе ги следат променливите физиолошки параметри. Резултатите од овој тест ќе ја формираат основата на научно истражување за ефектите од голема надморска височина врз работата на срцето, респираторните органи, когнитивните и метаболичките функции.

Покрај тоа, како индикатор ќе се следи времетраењето на ефектот на аклиматизација по спуштање од голема надморска висина.

На кратко во комората ќе се симулира атмосферски притисок што одговара на надморска височина до 6400 метри, а потоа истражувачите ќе го подигнат овој праг на надморска висина што одговара на 8000 метри.

Во исто време, исто така се овозможува промена на температурата на воздухот, што дополнително ќе ги доближи субјектите до условите на осумилјади метри.