Во текот на качување карпи постојат повеќе начини и системи на осигурување. Според видот на системот на осигурување и видот на напредување, разликуваме два системи на качување - качување со сидриште на врвот т.н. „top roping“ и систем на качување со водење т.н. „leading“.

Првиот од овие два подразбира дека насоката е веќе поставена и дека сидриштето се наоѓа на врвот на насоката, овој систем се користи на тренинзи.

Climbing

Другиот систем е качување со водење, односно качување следејќи го јажето, во овој случај сидриштитето не е фиксирано на врвот од насоката, туку качувачот го прикопчува јажето на меѓусидришта на карпата, со комплети. Единствен признат начин на качување е качување со водење.

Покрај овие два системи постојат и други начини на качување. Треба да се спомене дека системите со јаже на врвот или системите со водење се користат кај искачувања на високи тежински насоки, како и кај брзинското качување.

Climbing

Покрај качувањето со осигурување, постои и систем на качување на ниски насоки, на висина до шест метри, без осигурување, но со обезбедена мека подлога или личноста која ќе се најде под качувачот да го насочи при падот и придржи. Ваквиот начин на качување се нарекува болдеринг, и често се претставува како форма на качување ниски карпи со голема тежина.

Покрај овие системи постои и т.н. „пречење“, качување на ниски долги (широки) карпи на мала висина до три метри. Овој вид на качување се користи како систем за обука, каде на поголема должина на „насоката“, која во овој случај има ориентација лево десно, се постигнува зајакнување на силата, кондицијата и способноста на префрлување на телото од една рамнотежна положба во друга.

Climbing

Во последните два случаи, потребно е качувачот да обезбеди осигурувач, но во функција личноста само да ги следи движењата и да се најде во случај на пад, да ја придржи главата и трупот на качувачот, така да не дојде до посериозен удар на земја. Оваа личност во качувачката терминологија се нарекува „спотер“ (spotter) и има фунција на „спотирање“ односно поддршка.

Climbing

Покрај тежинските системи на качување, постојат и брзински системи, кои се нешто полесни, а за цел се поставува што побрзо доаѓање до врвот на насоката, во овој случај се користи систем на осигурување со јаже на врвот (top roping).

Строго се забранува качување насоки без осигирување, ако висината на насоката е поголема од шест метри.

Climbing