На 15.08.2019 година македонскиот планинар Александар Кирковски успешно и во соло стил се искачи на еден од најтешките алпски врвови, Вајсхорн 4506 мнв. во Швајцарија.

Искачувањето на врвот започнува со долг пристап од селото Ранда до планинарскиот дом „Weisshorn Hutte“ на 2900 мнв., а потоа до врвот се совладуваат 1600 висински метри со значајна техничка тежина од карпи, снег и лед. За овој потфат на Кирковски му биле потребни 11 и пол часа.

Weisshorn

Ова претставува само второ македонско искачување на врвот Вајсхорн, а прво кое е реализирано целосно самостојно (соло) што во планинарењето и алпинизмот се смета за најкомплексен начин.

Акцијата е дел од програмата на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.