Втора зима по ред се случува спасувачка акција на масивот Каракорум. Во петокот хеликоптери ги бараа Даниеле Нарди и Том Балард, кои се обидуваа да се искачат на деветиот по височина врв во светот Нанга Парбат во календарска зима.

Последни вести за двајцата алпинисти имаше минатата недела, кога тие го напуштиле Третиот камп и се упатиле кон искачување на осумилјадарникот. Последен траг им се губи на висина од околу 6200 метри.

Во спасувачката екипа е Али Садпара, кој заедно со Симоне Моро и Алекс Чикон во 2016 година успеаа да го искачат Нанга Парбат во зима.

Од викендов наваму нема новости од Нарди и Балард.