Качувањето на високи планински врвови побарува посебна способност и спремност на качувачот. Сите планинари од светот сонуваат за искачување на некој од хималаиските осумилјадарки па и самиот кров на светот, Монт Еверест.

Но таквите успеси се резервирани за ретките, најупорните качувачи кои животот го посветуваат на планините, и на кои алпинизмот им е стил на живот. Високите планини кријат многу предизвици и опасности. Над 5000 метри над морското ниво е зоната на смртност и престојот на тие висини, самиот по себе, остава тешки последици по здравјето на луѓето.

Himalaya

Голем е бројот на планинари кои своите животи ги поклониле на планините во борба да го достигнат нивниот врв, затоа е важно оној кој ќе се одлучи на таков предизвик да се придржува кон одредени правила и да биде спремен да одговори на тие предизвици.

Опасностите кои се појавуваат на високите планини се многубројни. Покрај климатските услови, студот и ветровите кои предизвикуваат хипотермија и подмрзнатини, тука се и лавините, глечерите, снежните глечерски врвови кои демнеат на секој чекор при искачувањето. Меѓутоа, најчести проблеми на планинарите им се пореметување на здравјето предизвикано од големата надморска висина. Вкупната количина на кислород се намалува со зголемувањето на висината.

На 5500 метри, атмосферскиот притисок и количината на кислород во воздухот е приближно 50% помала отколку на нивото на морето. Овие параметри зависат и од географската ширина на планината. Атмосферата е слоевита и вертикално компресирана. На организмот делува и гравитационата сила на тежина на сите гасови во атмосферата над нас. Планинарот кој се искачува поминува брзо низ атмосферската маса и трпи се помал притисок, а човекот со еволуција е предодреден да живее на притисок од една атмосфера.

Himalaya

Висинската болест е реакција на организмот на услови на намалена концентрација на кислород и намален атмосферски притисок. Обично почнува да се јавува при нагло доаѓање на висина поголема од 2500 метри, кога брзото искачување не му дозволува на телото да се прилагоди. Тогаш се јавуваат проблеми со функционирањето на срцето, градите, нервниот систем, отоци на целото тело, дигестивни органи, пореметување кое вклучува главоболка, губиток на апетит, мачнина. Висинската болест, доколку качувачот не ги елиминира нејзините причини, напредува во потежок облик на едема на градите и мозокот и исходот е често смртоносен.

За да се спречат овие последици или бар да се намалат, планинарите мора да задоволат неколку правила. Прв услов е психофизичка спремност, многу е важно постепено да се зголемува висината, почнувајќи од нашите планини, па до највисоките на Балканот, па европските, потоа да се оди на 6000 метри и на крајот Хималаи.

Himalaya

При припрема за вакви потфати, неопходно е да се започне година дена пред самото искачување со тренинзи кои на почетокот опфаќаат аеробни активности четири пати неделно по пола час, вежби за издржливост три пати неделно како и рекреативни активности. Со текот на времето треба да се зголемува бројот и траењето на тренинзите.

Втор услов е добра опрема, адекватна на условите на планината која ќе се искачува. Облеката за високите и студени планини не само што мора да ве штити од студот, туку и да го има квалитетот за промена на температурите и за отфрлање на топлината која произлегува од напорното движење и активноста. Ефективната облека за студено време мора да има две особини - изолација и вентилација.

Himalaya

Што се однесува до чевлите, до базниот логор се користат кожени чевли со Vibram ѓон, а за екстремно студените клими за големи висини најдобри се двојни или тројни чизми. Овие чизми се направени од тврда пластика, а внатрешниот дел е од мек изолациски материјал. Многу битен дел од опремата е и вреќата за спиење. Се користат пердувести вреќи со околу 1.2 кг пердуви, со заштитен waterproof слој.

Треба да се знае дека качувањето на врвот е повеќе е работа на менталниот склоп отколку на физичката сила. За успех на високите планини потребна е челична волја и љубов. Тоа е скоро духовен чин кој ги сублимира мотивот, желбата, размислувањето за секој чекор и потег, сталоженост, концентрација, сериозност, прибраност и духовниот мир.

Himalaya

Едвард Вимпер, англиски истражувач и алпинист, прв освојувач на Матерхорн, рекол: „Оди на високите планини ако ти е волја. Не заборавај дека храброста и силата не ти помагаат без памет“.