Меѓу планинарите и алпинистите секогаш е забавно да се дебатира кој се најголеми планинари на сите времиња. Се разбира, таквата листа е секогаш субјективна, особено кога се зборува за планинари во различни епохи.

Но, тоа не ги спречува креаторите на оваа листа во обидот да направат избор, па во прилог е листата на Топ 5 планинари на сите времиња.

Можеби поголем дел не се согласуваат со овој избор, и тоа сигурно отвора простор за дискусија.

5. Тензинг Норгај

Tenzing Norgay

Едмунд Хилари само што започнал да се искачува на Хималаите веќе две години, Тензинг бил на неговата седма експедиција на Еверест, и неговата Хималајска кариера веќе траеше речиси две децении пред првото искачување на Еверест.

4. Рајнолд Меснер

Rahnold Messner

Меснер се смета за човек кој ги искачил сите осумилјадарки во светот и стана првиот човек кој со потврда важи дека искачувањата на 14-те осумилјадарки ги направил без дополнителен кислород.

3. Јержи Кукучка

Jerzy Kukuczka

Тој ги искачил сите осумилјадарки, но во подобар стил отколку Меснер. Направил 11 нови рути, 4 зимски искачувања. Но само на едно искачување употребил боца со кислород. Тој е трет случај кој го направил ова со минимални ресурси.

2. Симоне Моро

Simone Moro

Тој важи за првиот човек кој направил првични зимски искачувања на четири осумилјадарки: Шишапангма во 2005 година, Макалу во 2009 година, Гашербрум II во 2011 година и Нанга Парбат во 2016 година.

1. Ули Штек

Ueli Steck

Важи за човек кој прави соло брзински искачувања. Ја искачил јужната страна на Шишапангма за 10:30 часа, Чо Оју преку северозападната страна (нормална рута) 18 дена после искачувањето на Шишапангма, Анапурна во 2013 година, соло искачување преку јужната страна за 28 часа, Ајгер во 2015 година по северната страна, брзински рекод од 2:22 часа.