Младинска комисија при ФПСМ Ви најавува еден мини серијал, една необична авантура низ македонските планини. Секоја епизода си има своја приказна која ќе не научи како најдобро да се подготвиме за секоја планина и секој врв.

Мини серијалот ќе биде пригоден за сите возрасти.

Епизодите ќе бидат во живо објавени на Facebook страницата на Младинската комисија при ФПСМ и на нивниот Youtube канал за кој ќе биде објавен линк.

Првата епизода ќе биде објавена во недела во 20 часот.

Спремете го ранецот и чизмите и се гледаме во недела.