Ули Штек, кој загина во Непал на 30 април, е веројатно најголемиот алпинист на оваа генерација. Целта како траверсот на Еверест-Лотце преку рутата Хорнбеин, објективно не е опасна на ист начин како и неговите брзински соло искачувања на Алпите. Но, на крајот качувањето е сериозна работа, па дури и најдобрите се предмет на среќа на високите планини.

Во видео клипот каде Ули Штек поставува брзински рекорд на Ајгер преку северната страна во 2008 година, воздушните снимки го прикажуваат швајцарскиот алпинист како се движи по стрмните снежни падини до сртот на врвот, а музичката нумера „Welcome Home“ од Radical Face искомбинирана со острите врвови создава безвременски неограничен момент. На тие снимки, Ули е непобедлив.

Ова беше шок за целата качувачка заедница, кога на 30 април се рашири веста дека Ули Штек загинал во Непал. Тој беше на глечерот Кумбу во обид да ја повтори рутата Хорнбеин која не е повторена од 1963 година која ги поврзува Еверест и Лотце. Штек пристигна во регионот на Еверест во почетокот на април за да тренира и аклиматизира со неговиот партнер Тенџи Шерпа.

На 30 април, Штек сам беше качување на Нупце (трет врв во ланецот на Еверест и Лотце), како дел од неговиот режим на аклиматизација. Деталите сеуште се нејасни за тоа што точно се случило. На блогот на хроничарот и алпинист Алан Aрнет споделен е извештај од Лери Доерти, член на експедицијата на Еверест Adventure Ascents’ 2017 кој вели: „Пронајдено е тело во подножјето на Западен Нупце, алпинист очигледно остана сам и необезбеден. Првично, беше увидено дека е Ули врз основа на неговата облека и неговиот план на аклиматизација... мојот тим 10 минути подоцна потврди дека всушност беше тој“.

Ueli Steck

Телото на Штек беше брзо пронајдено и пренесено во Лукла, каде се наоѓа единствениот аеродром во регионот на Еверест, од каде беше однесено во Катманду.

Претставник за Штек изјави дека членови на неговото семејство биле на пат за Непал и дека нивна желба е Ули да биде погребан таму.

Во неодамнешни интервјуа Штек за неговите планови за траверсот на Еверест-Лотце пред да замине за Непал беше прашан за сериозната природа на таквите искачувања, тој призна дека Хималаите со себе носат поинаков вид на сериозност.

Но, дел од шокот кој се чувствува од страна на планинарите од целиот свет по смртта на Ули произлегува од неговата целосна мајсторија на видот на теренот со кој тој се занимава на Еверест, Лотце и Нупце. „За мене, на пример, можам да се движам навистина удобно на овој вид терен. Како се симнувам од 8.000 метри, преку јужното седло - знам дека можам да бидам во Кампот 2 за час и половина“, изјави Штек. „И на овој терен, како Хорнбеин, можам да се движам нагоре и надолу без потреба од било каква техничка опрема. Тоа е вештина на која сум работел повеќе од 20 години. Овој терен, што е сериозен за качување за други луѓе, за мене е како пешачење.“

Пред да замине за Катманду, изјави: „Правам работи само за кои се чувствувам удобно, освен неколку искачувања за кои не сум горд. Знам што значи да си горе на Еверест. Имам голема почит кон планината, но, јас не се плашам.“

Ueli Steck

Ули Штек е роден во Лагнау им Ементал, Швајцарија во 1976 година, а започнал со качување на 12 годишна возраст и прво го искачил Ајгер на 18 години - планината со која засекогаш ќе бидат поврзани. По занимање е столар и почнал да работи во неговата родна земја, додека ги поставуваше нивоата на своето качување. Били Берлинг, планински новинар и помошник во Хималаиската архива, забележува: „Кога ќе го погледнете CV резимето на Ули на неговата веб-страница, вели: Професија - обучен столар, на самиот почеток пред да се прикажат сите негови неверојатни планински достигнувања. Тој беше човек на земја и многу скромен.“

Штек прво доби признание за неговото соло искачување на северната страна на Ајгер во 2007 година, кога го презеде рекордот на брзинско качување под четири часа, за прв пат во историјата.

2008 година беше година на дефинирање на кариерата на Штек. На 13 февруари истата година, тој постави нов, молњевито брз рекорд на северната страна на Ајгер, за 2 часа 47 минути и 33 секунди. Потоа, на 24 април, Штек и неговиот качувачки партнер Симон Антаматен, изведоа тридневно првично искачување на северозападниот дел на Тенг Канг Поше (6.487 мнв.) во Непал, искачување за кое тие беа наградени со „Златен цепин“ во 2009 година. Како шлаг на тортата, од 29 до 30 август, тој го остави својот белег во историјата на Ајгер каде заедно со Стефан Сигрист, го направи првото слободно искачување на Пациенциа, насока која тие двајца ја исчистија и оклинчија во 2003 година. Искачувањето стана едно од најтешките качувања на карпа на Ајгер, која има 23 должини до врвот, со тежина од 8а (5.13b).

Штек го доби прекарот „Швајцарска машина“ поради неговите екстремно брзински искачувања во алпски стил. Но, според Били Берлинг, истотака пријател на Штек вели: „На Ули никогаш не му се допаѓаше терминот „Швајцарска машина“. Тој беше брендиран под тоа име, но никогаш не му се допадна.“

Ueli Steck

Неговите достигнувања во 2010 година се исто многу значајни вртејќи го вниманието се повеќе и повеќе на Хималаите. Во 2011 година, солираше на Шишапангма (8027 мнв) за само десет и пол часа, а во 2012 година го искачи Еверест за прв пат (без дополнителен кислород).

Потоа, во 2013 година, заврши едно искачување за кое го доби својот втор „Златен цепин“, солирањето на јужната страна на Анапурна за 28 часа преку претходно незавршената Лафал рута.

Во 2015 година, за 62 дена, Штек го искачи секој врв на Алпите повисок од 4.000 метри надморска височина, како дел од неговиот проект „82 врва“.

Но Хорнбеин рутата и траверсот на Еверест-Лотце остана цврсто втиснат во умот на Ули. Имаше два неуспешни обиди пред конечно да успее да се искачи на јужната страна на Анапурна. Пред да замине во неговиот трет и успешен обид во 2013 година, тој беше цитиран во еден напис за swissinfo.ch каде вели: „Јужната страна на Анапурна I е стар проект. Сум се обидел два пати веќе и претпоставувам дека треба трпение, ако сакате да искачите тешки правци на еден 8000-метарски врв. Понекогаш имате среќен удар, но често мора да се вратите, и се мора да биде во ред.“ Оваа идеја си ја има докажано себеси на Анапурна, со естетски, историски апел кон траверсот на Еверест-Лотце, беше прашање на време кога ќе одлучи да се упати кон Кумбу за незавршената работа.

Но, тоа не требаше да биде овој пат. Дури и најдобрите се предмет на среќа на високите планини. Загинувањето на Ули Штек остави непополнета празнина во големи размери во светот. Планините не виделе ваков алпинист, а ќе биде потребно многу време да дојде некој како него.

Бев целосно одвоен од другиот свет. Немаше ништо друго, освен качување. Нема цел, нема иднина, нема минато. Се качувам овде и сега. Еден замав со бајлата, па друг; еден чекор па друг. Само ги гледав моите бајли како се бодат во снег и мраз. Моите гледишта се стеснуваа, се навикнав на некој вид визија на тунел. И бев тука, среде овој гигантски ѕид со многу ограничена опрема. Чувствував светлина, но екстремно изложена. Знаев дека најситната грешка ќе значи сигурна смрт. Сепак, јас не се плашев од правење грешка. Се уште му давав наредби и контрола на лицето кое ја качуваше јужната страна на Анапурна. Тој не се чувствува како мене. Ако лицето падне, тоа нема да се однесува на мене. 
Ули Штек