Уметноста на искачување на високи врвови, која потекнува од Алпите и позната е како „алпинизам“, доби статус на светско наследство на УНЕСКО.

Апликацијата беше доставена од Франција, Италија и Швајцарија заедно и беше одобрена во средата (11 декември 2019 година) на годишниот состанок на организацијата.

Во одлуката се наведува:

Тој (алпинизмот) побарува физички, технички и интелектуални вештини, се карактеризира со заедничка култура, познавање на високиот планински амбиент, историјата на качување и сродните вредности.

„Алпинизмот исто така е поврзан со познавање на природната средина и силниот тимски дух. Повеќето членови на заедницата припаѓаат на алпски клубови, кои се движечката сила на алпската култура“.

Првите траги од алпинизмот датираат уште од антиката, но основањето на модерниот алпинизам може да се проследи уште во 1786 година кога е направено и првото искачување на Мон Блан од Жак Балма и Мишел Пакар.

Ова не е првпат Швајцарија да добие статус на светско наследство за својата планинарска култура. Во 2018 година, знаењето, искуството и стратегиите за управување со ризикот од лавините, развиени во текот на годините од страна на Швајцарија и Австрија, исто така, се додадени на списокот на УНЕСКО.