Од серијалот на документарци за планините на Балканот, телевизијата Al Jazeera Balkans го пушти во етер најновиот од низата документарци, овој пат за нашата планина Баба со највисокиот врв Пелистер.

Оваа убавица е заштитено подрачје од 1948 година, прогласен за Национален парк.

Поради овој факт овде се сочувани низа растителни и животински видови, како и шуми и чисти езера. За неа се вели дека е „најјужната планина со алпски карактер“.

Пелистер, со 2601 метар е трета највисока планина во Македонија, а има и бројни други врвови над 2000 метри.

Националниот парк нуди низа неистражени природни феномени, поволни хидрографски услови, несекојдневна планинска вегетација и интересна геолошка структура, а најинтересни се т.н. камени реки долги дури четири километри.

Подрачјето го карактеризираат и голем број села со типична локална архитерктура. Такво е селото Дихово, кое со својата убавина привлекува се поголем број туристи.