На 9 јануари 2020 година, Александар Кирковски и Никола Илиевски направија зимско искачување на најатрактивните врвови на Олимп, Митикас (2918 м) и Стефани (2909 м) во Грција.

Оваа акција е реализирана во еден налет (single push) од паркингот Горциа 1100 мнв, а покрај овие два врва направен е обид за интегрално поврзување на Скала (2866 м) и Сколио (2911 м).

Вкупното времетраење на целата авантура изнесуваше нешто под 12 часа.

Во прилог видео запис од оваа зимска авантура.