Изминатиот викенд (22-23 јуни) во организација на планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје се реализираше акцијата кампинг на Корабски водопад.

Корабскиот водопад се наоѓа во долината на Длабока река на планината Кораб и има висина од 138 метри. Се појавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источните падини на врвот Мал Кораб. Сместен е на надморска висина од околу 1950 мнв.

Korabski vodopad

До него се пристапува од село Рибница по обележана планинарска патека со време на движење од околу 3-4 часа. Истотака може да се пристапи и од селата Нистрово и Жужње.

Во прилог ви претставуваме видео запис од акцијата на ПК Македон, каде 10-тина учесници кампуваа, а уште 15-тина им се придружија следниот ден на еднодневна прошетка до водопадот. На враќање кон село Рибница дел од групата го искачија и врвот Рибничка скала (2305 мнв.)