Краткиот филм за македонскиот траверс на Алпскиот врв Матерхорн кое се реализираше летото во 2016 година конечно достапен на интернет.

Дело на режисерот Горан Вуќиќ кој важи за еден од ретките кои континуирано придонесува за документирање на македонскиот планински спорт.

Филмот ја раскажува приказната на Александар Кирковски, Бојан Митаноски, Никола Андоноски и Саша Грбиќ за нивното искачување од италијанска (Lion Ridge) и симнување од швајцарска (Hornli Ridge) страна на еден од маркатните Алпски врвови, Матерхорн (4478 мнв.).