На 27 јуни нашиот планинар Александар Кирковски направи соло брзинско искачување на најатрактивниот врв на Алпите, Матерхорн висок 4478 мнв. преку гребенот „Хорнли“ од швајцарска страна.

Со време од 7 часа и 01 минута тој го постави најдоброто македонско време за искачување и симнување на овој алпски врв.

Во прилог следи видео запис од ова брзинско искачување.