Пролетната сезона на искачувње на Хималаиските врвови е на месец дена пред нас, а штотуку започнуваме да гледаме како се појавуваат интересни приказни пред пристигнувањето на качувачите во Катманду.

Како и обично, ќе има голем број фасцинантни искачувња кои ќе следат во текот на следните два до три месеци додека трае сезоната.

Оваа сезона австрискиот алпинист Енди Холцер ќе се обиде по трет пат да го искачи Еверест, после два неуспешни обиди последните четири години. Но, покрај останатите алпинисити и високогорци, Енди е слеп.

Себеси си дал за цел да ги искачи Седумте светски врва, а досега се искачил на шест, оставајќи го Еверест како последен, и сеуште не искачен.

Во 2014 година му бил првиот обид за искачување на Еверест, но поради несреќата со лавината која се случи таа година на планината која однесе 16 шерпаси, а сезоната сеуште не била започната, се откажал од обидот за искачување. Потоа во 2015 година Холцер повторно се враќа на Еверест, но и таа година поради катастрофалниот земјотрес во Непал кој се случи, се одвраќа од неговиот обид за искачување. По прескокнувањето во 2016 година, оваа сезона се враќа повторно на планината во трет обид за искачување на врвот на светот.

Еверест секогаш обезбедува интересни приказни, а 2017 година веќе е на пат да не се разликува од останатите. Се очекува планината оваа година да биде преполна со многу луѓе и качувачи, и со рекорден број на искачени врвови. Повеќето мажи и жени кои ќе одат нагоре и надолу по падините се со релативна анонимност, но од секого еднаш може да се добие навистина голема, потресна приказна.