Изминатиот викенд тројца членови на ДПС „Трансверзалец“, Бојан Стојчевски, Зоран Тодоровски и Марио Шаревски од Скопје ја поминаа планината Скопска Црна Гора по целата нејзина должина.

Како што тие ја нарекоа „СЦГ Трансверзала“, турата им започна од село Горно Блаце преку врвовите Пржар и Црн Камен се до село Арачиново. Пропешачија 44,2 километри, со 1747 метри висинска денивелација, а потребни им беа два дена.

Во прилог следи видео запис од оваа тура. Уживајте!