Многу зборуваме за највисоките врвови на светот, но кои планини всушност ја сочинуваат таа листа?

Вкупно се 14 на број, од кој Еверест е највисок и најпознат и кај не-планинарите. Но, и останатите врвови се единствени, интересни и убави, а ова видео ни дава вовед за секој од нив по ред, почнувајќи со Шишапангма, и нагоре по висина.

По пат, ќе научите некои интересни факти за секоја од планините, вклучувајќи го и датумот на првото искачување, белешки за пристапот на искачување итн.

Ова видео е старо повеќе од година и пол, па статистиката за бројот на искачувања е застарена. Сепак, вреди да се погледне.