Сите ние имаме некоја своја екипа со која ги делиме авантурите, згодите и незгодите на планина. Составот на нашата екипа горе - долу е скоро секогаш ист, па секој од учесниците има своја „улога“. Ќе пробаме да го опишеме составот на една планинарска екипа. Колку и да се различни видови, едно е заедничко: љубовта кон планината.

1. Водич

Водичот на нашите тури/излети обично е и организатор на целата приказна. Тој е секогаш оној кој е на чело на целата колона, го одредува правецот на движење, одржува темпо, но и разговара со локалците и е прв кој реагира во кризни ситуации. Со вакви личности се чувствуваме безбедно, нив им ја препуштаме главната одлука и едноставно им веруваме.

2. Шегаџија

Тој е задолжен за целокупната атмосфера. Знае што да каже и како да не насмее и во најлоши ситуации, па дури и кога преминуваме опасни делови или неможеме да дојдеме до здив поради големиот нагиб. Се е лесно и поубаво кога имаме еден таков во екипата.

3. Фотограф

Ако немаме фотограф нема ни да знаеме дека сме биле на некоја тура бидејќи немаме докази! Фотографите кои планинарат се богатство, бидејќи благодарејќи на нив и после завршената тура можеме да уживаме во убавината на природатa, а спомените остануваат за цел живот. Нив ќе ги препознаете така што обично се одвоени од останатите, доцнат во екипата, многу често трчаат да стигнат се да фатат со својот објектив и неретко се сопнуваат.

Фотограф

4. Личноста „што ми требаше ова“

„Па уште колку имаме? - Кога ќе биде паузата? - Дали е крај? - Никогаш повеќе!“
Не е потребно ништо повеќе да се опишува, само ќе споменеме дека е интересно што и после негодувањата низ целата тура, обавезно ќе се појават и на следната!

5. Селфи експерт

Селфи експертите имаат своја мисија: идеално селфи со планини во позадина. Целта им е да го пронајдат својот најдобар агол со прикажување на природните убавини во позадина.

6. Тркач

Ако некому нешто му се замери на турата, секогаш тоа ќе биде тркачот кој често вели како сме спори и како не ни треба пауза. Овие типови никогаш не се уморуваат, никогаш не им е доста и едноставно немаат мир. Енергијата и кондицијата им се на ниво!

7. Нежен

Овој вид доаѓа во женска верзија. Тоа се убави дами, кои изгледаат кротко и слабо, сите ги пазат и мазат, но тие без проблем газат и преку 2000 метри! Никогаш нема да ги видите уморни, испотени, со расипана фризура или без насмевка!

8. Личност „спремен на се“

Нив сите ги сакаат! Тие се оние лица во екипата кои носат дури и она што вас никогаш нема да ви текне на памет! Тие во ранецот имаат се: прва помош, храна, облека, алат и се она што неможете да сетите...

Фотограф

9. Минималист

Тотално спротивни од претходните. Носат само она што е неопходно, што навистина и сигурно ќе им треба. Среќа што не планинарат сами!

10. Осамен

На овие видови луѓе мирот им е најбитен. Овие планинари не сакаат многу комуникација во текот на турата, на паузите обиччно седат одвоени од останатите и повеќе од сите уживаат во природата и тишината.

11. „Само прашува“

Личност која сака се да знае, кои врвови ги гледаме во далечина, како овој врв го добил името, пред колку години настанала оваа планина, составот на флората и фауната на теренот... Да ги нема нив, многу малку би дознале во текот на турата, бидејќи нема да се сетиме да прашаме!

12. Дете на цвеќето

Децата на цвеќето се планинари кои секогаш имаат невидливи розови наочари. Нив се им е преубаво, прекрасно, се водушевуваат на тревата, цвеќињата, облаците, вдишуваат љубов, издишуваат немир, се полнат со позитивна енергија, но начисто полудуваат доколку случајно фрлите некое ливче!

13. Екстремно фин тип

Со вакви видови на планинари е најубаво да се планинари. Тие се благи, љубезни, насмеани, секогаш спремни да помогнат. Ќе ви пружат рака, ќе ви го носат ранецот, ќе ве почекаат, ќе ве охрабрат и мотивираат. Немојте нивната љубезност погрешно да ја сфатите!

Можете ли овие видови планинари да ги препознаете во својата екипа? Дали заборавивме некој?