Американскиот алпинист Џес Роскели и австријците Хансјорг Оер и Давид Лама во обид да се искачат на М16, тешка насока на врвот Хаузе, висок 3291 метар, на Канадските Роки планини, оддалечен на 112 км од гратчето Банф во Алберта, Канада, загинаа во голема лавина која се откина по планината.

Во средата канадските власти ја пребараа областа со хеликоптер и најдоа „знаци на повеќе лавини и остатоци од качувачка опрема“, според соопштението за медиумите. Се претпоставува дека тројцата алпинисти се починати.

Hansjörg Auer

35-годишниот Хансјорг Оер израснал во мало село во Австрија. Тој беше еден од најдобрите соло алпинисти во светот, кој го има солирано Фиш Рут (Fish Route) насока долга 37 цуга на јужната страна на Мармолада на Доломитите (ова е само едно од многуте негови качувања без јаже).

Jess Roskelley

Џес Роскели беше 36 годишен алпинист од Спокејн, Вашингтон, син на познатиот американски алпинист Џон Роскели. Двајцата се имаат искачено на Еверест кога Џес имал 20 години. Во тоа време, Џес беше најмладиот човек кој стигна до врвот на највисокиот врв на светот. „Џес не ги сакаше долгите експедиции. Тој сакаше своите вештини да ги пласира и фокусира на пониски цели, но многу потешко“, рече Џон после искачувањето. Една од тие цели била планината Хантингтон Саут Риџ Траверс, висока 2590 метри, а Џес со својот пријател Клинт Хеландер ја искачи во 2017 година.

David Lama

Давид Лама беше 28 годишен алпинист од Австрија кој беше вистинско качувачко чудо. Тој ја искачи озлогласената компресорска насока на Серо Торе и го солираше првото искачување на врвот Лунаг Ри во Непал, висок 6894 метри. Лама имаше неколку обиди на Лунаг Ри, вклучувајќи и еднаш кога морал да се врати откако неговиот партнер Конрад Анкер доживеа срцев удар. Анкер се опоравил, но одлучил да не се врати на планината. Тој го благословил Лама, кој потоа се врати сам на врвот.

Тројцата алпинисти беа едни од најдобрите во светот и оваа пролет штотуку имаа искачено многу тешки насоки заедно, вклучувајќи го и Андромеда Стреин на планината Андромеда. „Оваа насока која сакаме да ја искачиме прв пат беше искачена во 2000 година“, изјави Џес Роскели, потенцирајќи на М16. „Таа е една од оние насоки каде што треба да имате вистински услови или се ќе претвори во кошмар. Ова е едно од оние патувања каде што се претвори во кошмар“.