Полскиот планинар кој направи нелегален траверс на Еверест пред неколку недели сега се справува со својата судбина. Јануш Адамски беше уапсен од страна непалските службеници кога пристигнал во Катманду откако го искачил највисокиот врв во светот од северната страна, а се спуштил без дозвола од јужната страна кон Непал.

Овој прекршок носи 10-годишна забрана за качување во Непал. Адамски подоцна беше предаден на Одделот за имигранти кој ќе се справи со неговата депортација од земјата и за можни понатамошни обвиненија.

Секторот за туризам во Непал имаше неколку опции кога станува збор за справување со Адамски. Тие можат да му забранат влез во земјата во период од пет години, или пак да му изречат глоба во износ двојно од цената за дозвола на Еверест, што чини околу 22.000 долари. Наместо тоа, тие му забранија да качува во наредните 10 години, како што беше случајот со Шон Рајан Дејви од Јужна Африка, кој исто така се обидел да се искачи на Еверест без дозвола.

Од своја страна, Адамски не се кае за стореното. Тој ова остварување го нарече најголемо остварување во неговиот живот и не жали за својот избор, без оглед на последиците.

Овие последици се само едноставна забрана за качување, што значи дека тој поминал прилично лесно. На возраст од 49 години не може да има многу амбиции да се искачува на Хималаите во Непал, а во секој случај избегна плаќање на 22.000 долари.

Адамски сега е во рацете на имиграциските власти и најверојатно ќе биде депортирани од Непал деновиве.