Градоначалникот на Сент Герваис и советник за подрачјето на Мон Блан, Жан-Марк Пеилекс го потпиша локалниот подзаконски акт кој ја проширува минималната опрема која треба да ја имаат планинарите кои сакаат да го искачат Мон Блан преку Гуте рутата. Оваа законска одредба веднаш стапи на сила.

Во овој подзаконски акт градоначалникот наведува дека неговите акции се последица на „неодговорност“ на некои лошо припремени планинари кои пробуваат да се искачат на Мон Блан како да е во прашање безопасен рид.

Покрај напорите на планинарските експерти, медиумските приказни околу неодговорното однесување завршуваат со несреќи со фатален исход. Поголемиот број од тие смртни случаи и изгубени планинари се случува баш на Гуте рутата така што градоначалникот Пеилекс се закани дека ќе ја затвори патеката во целост.

Според податоците од општината Арет, околу 350-400 алпинисти секојдневно пробуваат да се искачат на врвот од различни правци. Посебен проблем прават треил тркачите кои со себе носат многу малку опрема. Сеуште не е објавено како ќе се врши проверка на задолжителната опрема.

Според ова, секој планинар кој ќе се упати на Мон Блан задолжително мора да има:

  • Капа, глечерски наочари за сонце, заштита од сонце
  • Заштитен шлем
  • Челна лампа
  • Два пара ракавици (тенки и дебели)
  • Гамашни
  • Облека прилагодена на условите на планина (чорапи, горетекс панталони и јакна, полар...)
  • Зимски планинарски чевли на кои можат да се постават дерези
  • Алпинистички појас и опрема за спасување од пукнатини во мраз
  • Јаже
  • Цепин, планинарски стапчиња
  • GPS уред или компас и висинометар

На треил тркачите ова им прави посебен проблем, но изгледа дека властите конечно одлучиле дека на секој можен начин ќе стават крај на неодговорните поединци. Од друга страна некои дури би го дополниле списокот и на него би додале прва помош, опрема за бивакување и слично.

Кога некому би давале совет за искачување на Мон Блан, тоа би бил:

  • Добра физичка припрема
  • Аклиматизација неколку дена претходно, прво преспивање на Тет Рус, потоа поминување на еден цел ден на Гуте, и на крај да се тргне на врвот
  • Да се има неколку пријатели во наврска
  • Да се има течност во термоси, а не во пластични шишиња
  • Да не се носи многу храна, бидејќи горе апетитот е многу мал
  • Да се резервира кревет во домот претходно
  • Да се има добри термо панталони, јакна и неколку слоеви на маици
  • Цепин, дерези, алпинистички појас, добри чевли, дебели ракавици, наочари за сонце, скијачки наочари и шлем се задолжителни
  • Таблети против главоболки и некои за спиење
  • Крема со голем UV фактор
  • Челна лампа и футрола со нови батерии
  • Ако имате резервација за кревет не е потребно да носите вреќа за спиење и изомат. Во домот е доволно топло и постојат покривачи
  • Не тргнувајте ако долгорочната прогноза е лоша
  • Aко цврсто сте одлучиле да одите на Мон Блан, бидете спремни за мака

Кој ви вели дека тоа е лесно, тој ве лаже

Има доста опасни места, ледени пукнатини, ледени стрмнини, провалии, места каде летаат камења. Секогаш е ладно и во поголем дел дува силен ветер. Воздухот е редок со помалку кислород. Одењето е тешко и успорено. Срцето работи турбо. Главоболки кои знаат да бидат мачни. Но ако се ова го издржите мора да имате многу среќа на врвот да ви биде ведро и сончево. Тогаш доживувањето е единствено, неописливо и маѓично. На врвот на Мон Блан ќе се чувствувате среќно и гордо. Сите маки до врвот тогаш се забораваат, а телото и духот се прочистени.