Утрово околу 7:35 часот планинарот Ивица Митровски од Скопје го загуби животот искачувајќи се на Новогодишниот гребен на Матка.

Од обезбедувањето на хидроцентралата бил забележан како паѓа од голема височина, лизгајќи се од карпите. Случајот беше пријавен во скопската полиција, а момчето веднаш префрлено во Ургентниот центар во Скопје, каде во 11:45 часот подлегнал на повредите.

Изразуваме големо жалење и сочуство кон најблиските и пријателите. Ќе биде запаметен како ведар, позитивен и човек со големо срце. Почивај во мир!