Словенецот Даво Карничар загина во домашен инцидент. Тој стана познат како првиот човек кој се спушти со скии од Монт Еверест до Базниот камп.

56-годишниот Словенец починал во инцидент со сечење дрва во родниот град Језара. Во 2000 година, Даво го направи првото непрекинато спуштање од Еверест. Тој се искачи и спушти по јужната рута, а при искачувањето користеше дополнителен кислород (во моментов полјакот Анджеј Баргиел е под Еверест со намера да го стори истото, но без дополнителен кислород).

Во 1995 година Даво се спушти од Анапурна, а во 1996 година од Шишапангма. Се искачил и на Нанга Парбат и К2. Неговите спустови со скии се извонредни (без вадење на скиите до Базниот камп) од сите седум континентални првенци.