За планинарите кои се упатуаат кон Хималаите оваа пролет, конечно пристигна магичниот датум, 1ви април. Денес е денот кога работите почнуваат да земаат замав во Катманду, каде почнуваат да се собираат голем број планинари и алпинисти. Во текот на следните две недели работите во преполниот главен град на Непал ќе станат уште побурни, а планинарите и алпинистите од целиот свет ќе доаѓаат и ќе си одат.

Повеќето од нив ќе поминат неколку дена во градот, собирајќи опрема, поврзувајќи се со нивните тимови, и тргнување кон планината. Ако се искачуваат од Јужната страна, тоа значи осум до десет дена пат до Базниот камп. Ако ја преминуваат границата со Тибет, ќе мора да почекаат малку подолго пред да се постават таму, но на крајот може да стигнат директно до самиот Базен камп.

Alpinizam

Многу приказни ќе следат во текот на следните два месеци, додека не заврши сезоната во целост, тимовите ќе се приспособуваат на височините и на крајот ќе целат кон врвовите. Но ова нема да се случи до средината на мај, а дотогаш ќе има многу работа да се направи усовршување на вештини со јажиња, посета на високите кампови и нивно складирање со опрема и потрошен материјал и учење да се движат на висина. Ако сето ова оди добро, на крајот ќе се исплати со евентуално стапнување на врвот.

Во моментов временските услови се студени, ветровити и влажни во долината Кумбу на Еверест. Ова е прилично нормално за овој период од годината, но условите ќе се подобрат додека сезоната напредува. Се разбира, средината на мај генерално е кога времето е во најдобра состојба, поради што повеќето планинари ќе се обидат да го искачат Еверест. Во јуни, годишниот монсун обично е во полн замав, со што планината е непријатна се до на есен.

Оваа сезона на Еверест се очекува да се искачат околу илјада качувачи, можеби нема да се достигне таа бројка, но се чини дека многу е веројатно да го видиме минатогодишниот рекорд од 803 искачувања. Ќе има многу луѓе на планината оваа година, и ако дојде до добар прозорец, стапката на успех ќе биде висока.