Reel Rock излезе со цврстa формула многу одамна: изберете неколку кратки филмови кои колективно предизвикуваат широк спектар на емоции. Не е доволно да се следи само херојското патување или антагонистот (карпата) наспроти протагонистот (качувачот кој на крајот го прави искачувањето). Reel Rock ќе ве натера да се смеете, воздивнувате, се прашувате, расположите, и веројатно заплачете.

Организаторите ги прават филмовите во модел кој ја вовлекува суптилно нарацијата каде публиката не може секогаш да ја препознае врската. Ние само надалеку размислуваме „По ѓаволите, ова беше добро“. Со четири кратки филмови, целокупниот настан обично трае околу два часа.

Во 13-тото продолжение, Reel Rock ќе продолжи да не инспирира со филмови од големите качувачки имиња. Адам Ондра се качува низ САД. Конрад Анкер, Џими Чин, Алекс Хонолд, Савана Кјуминс, Ана Пфаф и Седар Рајт се пробиваат на нова површина (и мраз) на Антарктикот. Во долината на Месечината, Медлин Соркин го насловува филмот и напорите да се привлечат повеќе качувачи во Вади Рум во Јордан.

Последниот филм од Reel Rock е за брзинското качување, што неодамна беше додадено како прв качувачки настан на летните олимписки игри. Качувачите не се толку познати во Америка, но подобро е да верувате дека тие се ѕвезди во Франција и во Јужна Азија, каде што брзинското качување е хит.

Во декември, турнејата на Reel Rock 13 ќе има повеќе од 50 премиери низ светот. Се надеваме Скопје нема да биде изоставен и од оваа 13-та турнеја, досега секоја година бевме почестени со овие кратки качувачки филмови.