Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје викендов на Попова Шапка одржа еднодневна обука за зимско движење во планина.

Обуката имаше теоретски и практичен дел, a предавачи беа Бојан Митановски, Никола Андоновски и Бојан Павлов.

Теми на обуката беа избор на зимска опрема и нејзино користење, опасности при движење во зимски услови и справување со истите, лавини, падови и друго.

Воедно ова беше прв дел од обуките. Замислата е да се одржат четири делови во текот на целата година за членовите на клубот.

{gallery}blog/od-visocinite/pk-makedon-obuki{/gallery}