Полскиот планинар кој направи нелегален траверс на Еверест пред неколку недели сега се справува со својата судбина. Јануш Адамски беше уапсен од страна непалските службеници кога пристигнал во Катманду откако го искачил највисокиот врв во светот од северната страна, а се спуштил без дозвола од јужната страна кон Непал.

Додека Алекс Хонолд се качуваше на Ел Капитан без јажиња изминатиот викенд, исто така беше сниман за претстојниот документарен филм за неговите напори. Иако целосниот видео материјал веројатно е далеку од реализација, National Geographic ги објави првите снимки од искачувањето.

Документарниот филм за Првата западна македонска трансверзала конечно објавен на интернет. Во режија на Горан Вуќиќ, говори за историјата на оваа трансверзала, и првото повторување во 2014 година. Таа води од врвот Љуботен па се до Охрид, поминувајќи ја цела Шар планина, Бистра, Стогово.

Ули Штек, кој загина во Непал на 30 април, е веројатно најголемиот алпинист на оваа генерација. Целта како траверсот на Еверест-Лотце преку рутата Хорнбеин, објективно не е опасна на ист начин како и неговите брзински соло искачувања на Алпите. Но, на крајот качувањето е сериозна работа, па дури и најдобрите се предмет на среќа на високите планини.

Кален Ториен професионална скијачка и авантуристка, минатата есен пројде 400 километри и 18 дена во соло предизвик на Сиера Невада, планински венец во западниот дел на САД. Прашањето ќе биде „Ама, зошто?“

Викендот што измина (21-23 април) по 38-ми пат се одржа Богомилскиот марш во организација на Планинско-спортското друштво „Бистра“ од Скопје. На маршот земаа учество 14 планинари од различни планинарски друштва. Истиот викенд своја планинарска акција имаше и планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје во чест на чичко Јосиф Илковски, која се одржува 14ти пат, а се оди од Чеплес до врвот на планината Китка.

Планинари шест години, а веќе половина од тоа време, што би се рекло три години, минал на планина. Битолскиот планинар Влатко Kрбалески од 2.190 дена, колку што бројат шест години, 1.050 дена поминал на планини во земјава и во странство. Ни снегот до половина, сибирските температури, силните ветрови, па ни горештините не го натераа да мирува.

Потресот со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала го разруши Непал во 2015 година усмртувајќи речиси 9000 луѓе. Потресот покрена голема лавина на Еверест која пројде низ базниот логор при што загинаа 22 лица.

Последни вести

Најпопуларни вести

Facebook

logo-medium.png
© 2018. Сите права се задржани.

Барај