Планинарите кои пробуваат да го искачат планинскиот врв Монт Еверест ќе го соберат заостанатото ѓубре во текот на пролетната планинарска сезона, соопштуваат организаторите на експедициите.

Почнувајќи од Катманду на 1400 метри надморска висина, екипата на компанијата Teton Gravity Research патуваше со хеликоптер до 7300 метри надморска висина со дополнителен кислород за да ги снимат преубавите предели на Хималаите во ова кратко видео.

Лешница

Во срцето на Шар Планина се наоѓа еден мошне живописен регион наречен Лешница. Во радиус од 10 километри се сместени алпинистичките локалитети во овој регион. Пред се зимскиот алпинизам е доста атрактивен овде кој нуди можност за различни вкусови на алпинизам, заледени кулоари со должини од 300 до 700 метри, комбинирани искачувања на кулоари со карпа, замрзнати водопади (околу десетина) со должини од 10 до 30 метри, како и одлични терени за екстремен ски алпинизам.

Во Македонија постојат многу алпинистички локалитети, а меѓу попознатите се Матка во близина на градот Скопје, и локалитетот Демир Капија кој се наоѓа во јужниот дел од државата по течението на реката Вардар. Други алпинистички локалитети се Пешти во близина на Велес, Сапунџица и Чичи Кај на Кожуф, на Китка и др.

За време на викендот (18-19 март) на Матка се одржа алпинистички собир со тематски содржини од областа на “летниот алпинизам“. Се работеше според комбинирана програма која беше составена од качување алпинистички насоки и демонстрација и вежби за одредени едукативни содржини.

Качувањето на високи планински врвови побарува посебна способност и спремност на качувачот. Сите планинари од светот сонуваат за искачување на некој од хималаиските осумилјадарки па и самиот кров на светот, Монт Еверест.

Сигурно на телевизија сте начекале да ги видите оние „фрикови“ кои висат на карпи држејќи се на малото прсте... „wow кои лудаци“ е првата мисла која ви се врти низ глава, а можеби и сте посакале да бидете во нивна кожа.

Планинарењето опфаќа широка лепеза на активности и спортови. Во денешно време со планинарење се занимаваат се повеќе луѓе, бидејќи е во прашање една од најздравите активности која се одвива во природа и која има благотворно дејство на физичкото и психичкото здравје на планинарот.

Планинарењето претставува релативно безбедна активност. Луѓето најчесто се повредуваат кога нема да се подготват за лошо време или го оптеретуваат своето тело до крајни граници. Втор најчест проблем е кога ќе се изгубите, така што е многу важно да знаете како да не се изгубите и што да превземете доколку тоа се случи.

На битолчанецот Влатко Крбалески и денот и годината му започнуваат со Пелистер. Тој секое утро го започнува со поглед низ прозорецот од својот дом кон Пелистер, по што следуваат повеќечасовни искачувања и авантури низ планината.

Последни вести

Facebook

Барај