Целиот филм за брзинското искачување на Аконкагва 6962 м, највисокиот врв во Јужна Америка од страна на Александар Кирковски достапен е оналјн со англиски превод.

Дваесетина минути видео запис од Андите кои ја раскажуваат приказната за авантурата на двајца пријатели и пасионирани вљубеници во планината, но воедно и документиран материјал за едно значајно поместување на границите во македонскиот планинарски спорт што би требало да мотивира многумина.

Патот до успех во спортот, планините, но и во животот не е едноставен и бара искрен пристап и максимален влог. Благодарност до сите спонзори и пријатели кои ја помогнаа оваа експедиција, а без чија поддршка се ќе беше многу потешко остварливо.

Монтажа на филм: Горан Вуќиќ