Изминатата есен, шпанскиот планински тркач Килиан Жорнет беше на северната страна на Монт Еверест во обид да постави нов брзински рекорд на планината. Овие обиди беа попречени поради ужасните временски услови, но Жорнет не се откажа овде, ветувајќи дека ќе се врати во исполнување на овој подвиг.

Според извештаите, Жорнет оваа пролет патува на Хималаите каде што ќе продолжи со плановите да го искачи и спушти највисокиот врв на светот, во рамки од 24 часа. Очигледно тој имал проблеми со добивање дозвола да се врати есента, па се одлучил за оваа пролет кога ќе биде густ период. Како ова ќе влијае на неговиот пристап во искачувањето останува да се види.

Еверест е финална фаза од проектот на Жорнет „Summits of My Life“, каде поставува брзински рекорди на врвови ширум светот, влучувајќи ги и Килиманџаро, Аконкагва, и Денали. Тој се надева дека ќе го заврши овој проект додавајќи уште еден рекорд во неговата биографија.

Во прилог со искачувањето на Еверест оваа пролет, Жорнет, меѓу другото ќе се натпреварува на ултра-маратони, како Мон Блан Маратон во јуни, Hardrock во Колорадо во јули, и Ultra-Trail du Mont Blanc во септември.