Македонските планинари и планински тркачи Александар Кирковски и Дејан Тодевски денес учествуваа на трката „Ред Фокс Елбрус вертикален километар“ на Кавказ, Русија.

Оваа трка стартува од полјаната Азау на 2400 мнв и оди до станицата Мир 3450 мнв, а претставува квалификација за една од највисоките светски трки до врвот Елбрус 5642 мнв која е закажана за 07 мај 2019 година. Александар оствари резултат 59 мин 20 сек и се пласира на 31 место во машка конкуренција (36то севкупно), а Дејан со време 1 час 09 мин 18 сек беше 99 место (118 севкупно) во конкуренција на 366 натпреварувачи од 20 држави. И двајцата ќе се појават на стартната линија на главната трка, а најдоброто македонско време од подножјето до врвот Елбрус го постави Кирковски минатата година и изнесува 5 часа 18 минути.

Red Fox

Врвот Елбрус се наоѓа на масивот Кавказ во Русија и со 5642 мнв претставува највисок врв во Европа. Фестивалот на планински спортови во чии рамки се овие трки се одржува по единаесетти пат, а зад организацијата стои познатиот руски бренд за планинарска опрема „Ред Фокс“.

Red Fox