Александар Кирковски продолжува со низата на брзински алпски искачувања! Денес успешно направи брзинско искачување на вториот највисок Алпски врв Дуфоршпиц (4634 м.) на масивот Монте Роса кој се наоѓа во Швајцарија.

Со старт од домот Монте Роса (2883 м.) во 5 часот изутрина до врвот и назад преку западниот гребен му беа потребни 4 часа и 28 минути.

Duforspitze

Рутата е со алпска оценка AD- и 1750D+, последните 150 висински метри се по експониран гребен на 4500 м. главно со оценка II според UIAA, и движењето тука се одвива со дерези.

Линк до Гармин записот