Планинските тркачи Александар Кирковски, Марјан Бонев, Никола Илиевски и Филип Симоновски ја поминаа веројатно најдолгата рута во еден ден реализирана на Корабскиот планински масив.

На 29 октомври со старт од село Рибница во 5:30 часот наутро, тргнаа да го поминат најатрактивниот Корабски гребен од врвот Рибничка Скала (2305 м.), преку Кабаш (2391 м.) и Гури Куј (2380 м.), се до Боази (2495 м.).

Krugce na Korab

Оттаму во продолжение тие ги искачија и врвовите Мал Кораб (2683 м.) и највисокиот во Македонија - Голем Кораб (2764 м.), и се спуштија во село Жужње, па преку с. Нистрово назад до с. Рибница комплетираа вкупно 47 километри со 3580 метри денивелација.

Она што ја прави оваа тура исклучително тешка не се само километрите и висината, туку големиот процент на стрмен, експониран терен и класично беспатје.