На 07.09.2019 година во Италија се одржа европското првенство во скајранинг на кое за првпат настапи репрезентацијата на Македонија. Патеката беше со должина од 31 км и 2600D+ по доста технички алпски терен, а трчаа четворица наши спортисти/ки и сите успешно ја завршија трката.

La Veia SkyRace

Во машка конкуренција од вкупно 120 натпреварувачи нашите момци ги постигнаа следните резултати:

  1. Александар Стојкоски 3:44:05 (50 место)
  2. Александар Кирковски 3:48:35 (52 место)
  3. Марјан Бонев 4:14:29 (71 место)

Во женска конкуренција се натпреваруваа 45 девојки, а нашата Елена Ртоска финишира со 5:33:08 (36 место).

La Veia SkyRace

На првенството настапија вкупно 20 европски репрезентации, а победници се шпанецот Јан Маргарит Соле и романката Дениса Драгомир, додека во екипен пласман титулата и припадна на Шпанија.

La Veia SkyRace

Од оваа година Федерацијата на планинарски спортови на Македонија стана полноправен член на Светската федерација за скајранинг со што се отвори можност за развојот на овој атрактивен планински спорт во нашата земја.