На 7 септември во Италија ќе се одржи La Veia SkyRace што ќе претставува европско првенство во скајранинг на кое за првпат ќе настапи и македонска репрезентација.

Согласно остварените пласмани на државното првенство на Титов Врв за нашата репрезентација ќе настапат Александар Стојкоски, Марјан Бонев, Александар Кирковски и Елена Ртоска.

Патеката ќе биде во должина од 31 километар и 2600 висински метри со доста стрмни и каменести секции што се одлика на овој спорт. На настанот се очекуваат околу 150 спортисти од 19 држави.