Еквадорецот Карл Еглоф постави нов светски рекорд на патеката до највисокиот врв во Северна Америка - Денали (6190 м) на Алјаска.

На 20 јуни оваа година, Карл е новиот светски рекордер кој стигна до највисоката точка на Денали за 7 часа и 40 минути! Но, рекордот не завршува овде, на симнување еквадорецот постави рекорд на целата експедиција - 11 часа и 44 минути.

Ова е втор обид на Карл, првиот требаше да се реализира во текот на 2018 година, но е откажан поради лоши временски услови.

Karl Egloff

Искачувањето немаше да биде возможно без помошта на неговиот пријател Николас Миранда, кој беше одговорен за безбедноста уште на почетокот.

Искачувањето и спуштањето го поминаа по стандардната западна маршрута со вкупна должина од 26,55 км и 4060 метри висинска разлика.

Оваа маршута е најпопуларна меѓу качувачите и честопати трае една до две недели, вклучително и времето за аклиматизација. Претходниот светски рекорд на шпанецот Килиан Жорнет од 2014 година е направен за 11 часа и 48 минути од базниот камп до врвот и назад. Времето на искачување на Денали на шпанецот беше за 9 часа и 45 минути, а симнувањето за 2 часа и 3 минути со помош на скии.