Второто издание на планинската трка Titov Vrv SkyRace ќе се одржи на 31 мај со старт од Попова Шапка преку врвот Антени (2520 м) патеката продолжува по гребен до врвот Бакардан (2704 м) и на крај на врвот Титов врв 2747 мнв и назад. Патеката е во должина 20 километри со денивелација од 1900 D+.

Оваа трка воедно ќе претставува и државно првенство во скајранинг за 2020 година во соработка со Комисијата за скајранинг при ФПСМ.

Пријавувањето е отворено од денес и ќе трае до 17 мај или до пополнување на максималната бројка на потврдени учесници. Максималниот број е ограничен на вкупно 100 учесници.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!