Сонувате за искачување на највисокиот врв во Европа, да запознаете уникатни атлети и да ја откриете магијата на Елбрус?

Стотина атлети наскоро ќе се соберат околу планината Елбрус, планината со највисокиот врв во Европа, на 9тото издание на Red Fox Elbrus Race. Тоа ќе биде интензивна недела за планинарите, планинските тркачи и скијачите од целиот свет.

Elbrus

Овој фестивал на екстремни спортови е уникатен настан кој се одржува од 2008 година, во соработка со Руската планинарска федерација и Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Оваа година се очекува да пристигнат најсилните планински тркачи и ски-планинари од целиот свет за да учествуваат и да доживеат многу незаборавни чувства и впечатоци!

Спортистите доаѓаат од блиски и далечни земји како: Ерменија, Андора, Австралија, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Чешка, Германија, Грузија, Грција, Индонезија, Италија, Јапонија, Казахстан, Киргистан, Литванија, Латвија, Македонија, Монголија, Непал, Нов Зеланд, Полска, Русија, Шпанија, Швајцарија, Туркменистан, Таџикистан, Украина и САД.

Elbrus

Оваа година фестивалот се одржува од 2 - 8 мај.

Планината Елбрус со 5642 метри надморска висина е највисоката планина на Руските кавкаски планини, источно од Црното море.

Минатата година 400 учесници од 14 земји се натпреваруваа во трките во неколку дисциплини:

  • Ски-планинарење
  • Планинско трчање: Вертикал километар (2450-3450 мнв)
  • Скај Маратон - брзинско трчање до Западен Елбрус (5642 мнв)
  • Трка со дрезги

Elbrus

Секоја година фестивалот привлекува се поголема популарност, и бројот на учесниците нон-стоп расте од година во година. Оваа година четворица наши планински тркачи ќе земат учество на овој фестивал, Александар Кирковски, Дејан Тодевски, Марјан Бонев и Кирил Филиповски. Им посакуваме многу среќа и успех!

Настанот Red Fox е поддржан од страна на Руската планинска федерација, EMERCOM од Русија, Меѓународната федерација на планинско трчање и Руската асоцијација на планинско трчање. Вклучени спонзори се POLARTEC® и GORE-TEX®.