Вчера се одржа првото издание на Титов врв Скајрејс по падините на Шара во организација на планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје и Федерација на планински спортови на Македонија. Стартот и финишот беа пред пансионот „Конак“ на Попова Шапка.

Titov Vrv Skyrace

Патеката се движеше по ски-стазата „Церипашина“ со искачување на врвот Антени 2520 мнв. каде беше и првата контролна и освежителна точка. Оттаму се продолжува по гребенот со наизменични делови на кратки искачувањеа и спустови преку Казани, Карабунар се до Бакардан 2704 мнв, и спуст по стрмен и каменест предел до седлото под Титов Врв. На седлото беше втората контролна и освежителна точка, а потоа се искачува Титов Врв 2747 мнв каде беше последната контролна точка и враќањето беше по истата патека до финишот пред пансионот „Конак“.

Titov Vrv Skyrace

Од пријавени 60, на стартот се појавија 46 натпреварувачи, а финишираа 44.

Во машка конкуренција првопласиран беше Александар Стојкоски од Прилеп со време 2:40:02 часа, второпласиран велешанецот Марјан Бонев со време 2:46:00 часа и третопласиран Александар Кирковски од Скопје со време 2:48:13 часа.

Titov Vrv Skyrace

Во женска конкуренција трката прва ја заврши Мери Мирческа од Прилеп со време 3:50:10 часа, втора беше Биљана Кираџиева од Скопје со време 4:11:05 часа и трета Елена Ртоска со време 4:53:50 часа.

Патеката беше со должина од 20 километри и искачување/спуштање на 2000 висински метри, а временскиот лимит за завршување на трката беше 8 часа и 30 минути.

Titov Vrv Skyrace

Во прилог официјалните резултати од трката.

Titov Vrv Skyrace

Titov Vrv Skyrace