Skyrunning-от постои стотици илјади години. Но, не како спортска дисциплина и не во форма по која е препознатлив во светот. Луѓето во планините оделе воглавно од потреба: поради војна, верски прогон, лов, криумчарење... често и од чиста човечка радозналост за нешто што е: мистично, тешко достижно, непримечиво...

Идејата од „трчање на и низ планините“ да се создаде спортска дисциплина потекна од италијанскиот планинар Марино Џакомети, кој со своја група на пријатели качувачи поставуваа рекорди и правеле трки на Мон Блан и Монте Роса на италијанските Алпи во раните 90ти години.

Skyrunning

Под спонзорство на брендот „Fila“ во 1993 година скајранингот е промовиран и покренат ширум светските планински венци. Визијата на Џакомети не беше запрена овде. Тој дури во 1995 година ја основал Федерацијата за спорт на висини со што одговорил на потребата да се одредат правила кои би го обликувале овој спорт и кои би ја издефинирале оваа спортска дисциплина.

Со скајранингот како спортска дисциплина денес управува Меѓународната скајранинг федерација (International Skyrunning Federation) која оваа улога ја „превзеде“ во 2008 година од Федерацијата за спорт на висини.

Skyrunning

Скајранингот како спортска дисциплина денес брои повеќе од 200 трки ширум светот со околу 50.000 учесници од повеќе од 65 земји.