На 16.06.2019 година во организација на планинарски клуб „Македон“ во соработка со Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ќе се одржи првото издание на планинската трка „Титов Врв Скајрејс“. Оваа трка воедно ќе претставува и национално првенство во скајранинг за 2019 година.

Опис на патеката: Стартот и финишот ќе бидат на Попова Шапка, а патеката на движење е преку Антени, Бакардан и Мал Турчин до Титов Врв 2747 мнв, додека враќањето е исто така по гребен. Техничките карактеристики се 21 километар со 2100 висински метри, главно по суров терен над 2000 мнв со што во целост одговара на карактеристиките на скајранингот (екстремна форма на планинско трчање).

Стартнината за трката изнесува 200 денари, а пријавувањето е отворено до 10.06.2019 година. Наградниот фонд за првопласираните тројца во генерален пласман (мажи и жени) изнесува 5000, 3000, 2000 денари.
Електронска пријава: https://forms.gle/iTGAPudbDWoCUo728

Контакт: 075322059 (Петар) и 078310552 (Дуле)