Разликата помеѓу уличното трчање како маратони, полумаратони и треил трчањето, кое се одвива во природно опкружување, често по ридски, нерамни терени, е многу очигледно. А кои се предностите на едниот, а кои на другиот начин на трчање?

Треил и уличното трчање многу се разликуваат. Темпото на треил трчањето се менува, и е многу варијабилно. Кога доаѓаат големи и тешки успони до израз доаѓа качувањето, а при тоа можеш да гледаш и наоколу и малку да се забавуваш. Во маратонот тоа го нема.

Trail

Во маратонот кога ќе тргнеш мораш да бидеш фоккусиран на едно темпо и да го држиш до крај, трошејќи што е можно помалку енергија. Да се разбереме, и двата вида трчање се тешки. Можеби треил трчањето е малку позабавно, бидејќи има нерамни терени, мора да се знае каде со нозете, како да се трча, да не заглавите меѓу камен и да запнете. Маратонот пак од друга страна го нема ова, не ви дава никаква занимација која може да ви помогне да издржите.

Бенефитот од маратоните се издржливоста и брзината, додека од треил трчањето се прилагодувањето на нерамни терени и на долги стази. Многу треил трки се подолги и од 100 км и тука до израз доаѓа издржливоста со временскиот период.