Шпанскиот ултра-тркач Килијан Жорнет својата филмска серија „Summits of My Life“ ја направи бесплатна за гледање, како би го исполниле вашето време седејќи дома, бидејќи појавата на коронавирусот многумина нè спречи во своите авантури.

Отворените авантури сега се во затворен простор. Иако она што најмногу ми се допаѓа е да се биде надвор, сегашните околности нè принудија многумина од нас да поминеме повеќе време дома, напиша Килијан на својот блог.

Филмската серија ги следи обидите на Жорнет да постави брзински рекорди на познати врвови ширум светот. Достапни се три филма - Fine Line, Let Me Live и Langtang - но не и последниот Path to Everest.

Fine Line ги следи искачувањата на Жорнет на европските Алпи. Let me Live истотака се случува на Алпите додека Жорнет се искачува на Мон Блан и Матерхорн. Langtang е различен од другите филмови бидејќи тука Жорнет помага во Непал по разорниот земјотрес во 2015 година.

За да го направиме овој период поднослив и да ве мотивира да тренирате дома или да соберете енергија за подоцна, јас ви ги нудам една недела бесплатно филмовите од проектот „Summits of My Life“, напиша Килијан на својот блог.