Вчера, славниот тркач и скијач Килијан Жорнет, кој држи многу брзински рекорди на највисоките врвови во светот, победник на ултра-маратоните и ски-натпреварите објави неверојатно видео на социјалните мрежи како трча по остар снежен гребен.

Килијан во ова видео изгледа многу ситно, трчајќи по сртот на норвешката планина Јуратинден висока 1712 метри. Гледајќи го видеото, може да видите дека Килијан се движи по самиот срт, а само најмала грешка е доволна да се доведе до несреќа...

Да напоменеме дека дури и ваков искусен и претпазлив спортист како Килијан не е секогаш „среќен“, може да се потсетиме барем на еден инцидент кога спасувачите го извлекоа (заедно со неговата девојка) од врвот Егиј ди Миди (Aiguille du Midi) во Франција, еден од најпопуларните врвови на масивот Мон Блан висок 3843 метри, затоа што парот беше вовлечен во лошо време, а се искачија во шорц и патики на врвот.