Во 2017тата година на 25 декември тројца наши планински тркачи се упатија во обид за зимско брзинско искачување на трите највисоки балкански врва на три планински масиви.

Искачени беа врвовите Митикас (2917 мнв.) на Олимп, Вихрен (2914 мнв.) на Пирин и Мусала (2925 мнв.) на Рила. Овој подвиг помина успешно со вкупно време за искачување на врвовите за 21:06 часа, а 30:35 часа со се транспорт со возило меѓу планинските масиви.

Учесници беа Александар Кирковски од ПК Македон, Игор Јовановски од ПСД Макпетрол и Димитеар Тодоровски од ПК Македон како логистичка поддршка.

После година дена се појави и видео запис од овој подвиг во режија на Горан Вуќиќ. Во продолжение погледнете го видеото.