Четвртото издание на светската ултра-маратонската трка Пирин Ултра се одржа од 20-ти до 23-ти септември на планината Пирин во Бугарија. Повеќе од 500 тркачи од 39 земји учествуваа на оваа трка.

Стартот и финишот беа во градот Банско, а се трчаше по три траси со различна дистанца - 160 км, 66 км и 38 км.

На трасата од 38 километри со 2650D+ нашите тркачи имаа одличен пласман и остварен подиум.

Pirin Ultra

38 km

мажи

  1. Константинос Парадеисопулос, GR, 4:47:00
  2. Александар Стојкоски, MK, 4:52:31
  3. Дејан Тодевски, MK, 5:11:42

жени

  1. Стефани Бастрента, FR, 6:11:52
  2. Радостина Балова, BG, 6:31:52
  3. Камелија Георгиева, BG, 7:15:11

Pirin Ultra

66 km

мажи

  1. Бенат Мармисол, FR, 7:39:06
  2. Андер Инара, ES, 7:41:52
  3. Кирил Николов - Дизела, BG, 7:42:11

жени

  1. Рагна Дебатс, NL, 9:08:45
  2. Марсела Васинова, CZ, 9:40:01
  3. Антонија Григорова BG, 9:46:29

160 km

мажи

  1. Владимир Милушев, BG, 32:13:48
  2. Иван Геров, BG, 33:45:38
  3. Патрик Хротек, SK, 33:47:26

жени

  1. Маја Танева, BG, 43:10:56
  2. Синтија Еспиноза-Валдез, MX, 45:53:08