Оваа недела е недела на Ultra Trail du Mont Blanc (UTMB®)! Суштински настан за сите планински тркачи од целиот свет. Секоја година, елитата на светските тркачи се наоѓа во Шамони заедно со скоро 10.000 тркачи кои сакаат да учествуваат на една од 7-те трки на настанот. Оваа година настанот се одржува од 26ти август до 1 септември.

UTMB

Да се посветите себеси да трчате околу Мон Блан, да доживеете внатрешна авантура, уникатно искуство каде што секој учесник ќе мора да ги натегне своите сили и да ги надмине своите ментални и физички граници за да ја помине завршната линија - финишот. Ова несекојдневно патување во срцето на масивот, ќе им овозможи на тркачките да ги преминат долините и да бидат во контакт со најубавите врвови во околината, со алпски декор кој е единствен во светот.

UTMB

Да се учествува или да се волонтира на UTMB®, значи да се вибрира во ритамот на „тркачката планета“ и да се сподели извонреден фестивал во срцето на територијата која е мобилизирана за оваа пригода.

На настанот волонтираат преку 2000 доброволци од 15 различни земји, 18 француски, италијански и швајцарски комуни во околината на Мон Блан, и работат за успешен настан и ги поддржуваат тркачите на UTMB®. 20.000 поддржувачи доаѓаат да ги охрабрат своите најблиски и најмили и повеќе од 50.000 гледачи кои ќе го посетат настанот и ќе учествуваат во анимациите во сите села во околината на Мон Блан.

UTMB

Меѓу најдобрите атлети од целиот свет, силите ќе ги одмерат и нашите најдобри планински тркачи, Мери Мирческа која ќе ја трча најдолгата трка од 170 км 10.000D+, која започнува денес во 18:00 часот, Александар Стојкоски и Бурим Бафтири, кои се пријавени да трчаат на малку пократката трка од 101 км 6100D+ со старт денес во 09:00 часот.